Posts

Showing posts from July, 2014

Соло Искачување на Елбрус 5642м и спуштање со скии во телемарк стил

Image
Погледнете го видеото на следниот линк:
https://www.youtube.com/watch?v=1-QkDWxUvjQ


Елбрус 5642м- Соло со скии /Илина Арсова, 10-18 Јуни 2014

Елбрус е вулкански врв лоциран на Кавкаскиот масив на територија на Русија. Со висина од 5642м, се зема како највисок врв на Европскиот континент.
Меѓу сите останати атрактивни врвови во околината, Елбрус е најпопуларен за искачување и најлесно достапен со солидно опремени жицарници и ски лифтови кои овозможуваат моторизиран транспорт до 3750м.
Во екстремното планинарење, тој има битна улога како дел од проектот 7 врвови, што вклучува искачување на највисоките точки на сите континенти. Скијање од истите е поинаков предизвик кој само мал број луѓе во светотуспеале да го реализираат.
Со искачувањето на Елбрус на 17 Јуни годинава, мојот курикулум стигнува до 4од 7 од проектот 7 врвови на 7 континенти. Досега на листата се наоѓаат и: Јужно Американскиот врв, Аконкагва 6963м, Феб 2010/ Килиманџаро 5895м, врвот на Африка во 2012/ Сагармата (Еверест) 8848м…