Posts

Showing posts from January, 2016

Illegal abuse of UNESCO protected natural heritage - Ohrid lake, ignoring the public's and natural resistance

СКАНДАЛ: Општина Охрид го протуркала проектот „Медитеранска плажа во Лагадин“ замаскиран како поставување урбана опрема! ОХРИД SOS·SATURDAY, JANUARY 30, 2016482 Reads Фрапантно и отворено незаконско однесување од страна на државните институции и покрајофицијалниот приговор против градење медитеранска плажашто го потпишаа 99% од сопствениците на имоти во с. Лагадин, а МЗ Лагадин го достави до Општина Охрид уште во мај минатата година! Отпорот од јавноста ја принуди Општина Охрид на најподмолен начин да го расцепка некогашниот проект за морска плажа на езеро и перфидно и незаконски да го протурка како поставување урбана опрема. Со оваа процедура се избегнуваат и потребните градежни дозволи, како и водостопанската дозвола што претставува чиста манипулација со правото и противзаконско избегнување на учеството на јавноста. Дали Министерството за животна средина и просторно планирање е запознаено со сево ова и дали стои зад ова и го поддржува? Со оваоднесување, носителите на одлуки повторно, по…

The best of it

Image
10 years from my first solo art show, 10 years from my first mountain above 4000m.

The mountains were my fuel, my motivation and inspiration.
The place where I feel completely fulfilled and tremendously happy. A place where the fear makes you stronger and the loneliness sharpens your love and respect for others. It is a place where you appreciate a single sun ray and the blue sky is your best friend. A place where people are happy but simple and show us an example for the real values of life.


ПРИРОДБА (по трет пат во Концепт 37)

Image
ПРИРОДБА е изложба на ликовни дела и креации од македонски уметници и дизајнери. Оваа година на 19 Декември се отвори третото издание на ПРИРОДБА, традиционално во современиот простор на кафе галерија Концепт 37.

Фото: Слики од рециклирани материјали, на Илина Арсова

На изложбата се претставија десетина уметници со своите рачно изработени креации од дрво, метал, волна, рециклирани материјали и др.

Учесници на овегодишната поставка на ПРИРОДБА беа:

Марта Мојсова со SPIN
Илина Арсова
Глигор Кузмановски
Мелина Танчева и Мики Цветаноски со Текаше
Doppio M
Ruki Chuki
Рафајловска Марија со Knitten Designs
Канео 2012
Фабрика 13
La Soy
Елена Ристовска
Мила Ивановска
Popcorn Skate

Вечерта не забавуваше DJ Ulterior

Изложбата има продажен карактер со цел да ги поддржи младите автори во нивното креативно творештво.






OhridNews.com :: Охриѓани бараат референдум за изградбата на експресниот пат, ски центарот и туристичките зони во НП Галичица!

Image
OhridNews.com :: Охриѓани бараат референдум за изградбата на експресниот пат, ски центарот и туристичките зони во НП Галичица!



Охриѓани да се изјаснат на референдум за најавените развојни проекти на владата кои таа планира да се реализираат во заштитените зони на Националниот парк Галичица. Ова беше предложено на јавната расправа по однос на ревидираниот извештај за стратегиска оцена на влијание врз животната средина на предлог измените на Планот за управување со националниот парк Галичица, што се одржа денеска во просториите на јавната установа.

-Недозволиво е судбината на националниот парк Галичица да се одлучува помеѓу два празника, Нова година и Божик.- рекоа дел од присутните, упатувајќи забелешки и за законитоста на целата постапка.

-Денеска е работен ден. -појаснија организаторите на јавната расправа.



Екологистите, планинарските здруженија, спортските клубови и невладините организации жестоко ги критикуваа плановите за изградба на експресен пат од Охрид до Св. Наум, ски центар на Г…