Posts

Showing posts from February, 2016

Nedela na Balkan telemark vo Makedonija i Bugarija / Balkan telemark week Macedonia & Bulgaria (MK version)

Image
Недела на Балкан Телемарк: Македонија и Бугарија 13-21 Февруари 2016 Од 13 до 21 Февруари 2016 година, со посета на неколку ски центри низ Македонија и Бугарија, се одржа првиот Балкански настан за промоција на пионерската ски дисциплина - телемарк. Телемарк скијањето го носи името по местото на потекло Телемарк во Норвешка, кога скиите се користеле како превозно средство за да се стигне од една до друга точка. Тоа е комбинација од одење и скијање односно лизгање со скиите по снегот, притоа правејќи интересни грациозни движења при секое вртење. Телемарк -от е сеуште присутен и во ски скоковите, кога при постигнување на правилна телемарк позиција при дочекување на снегот, се добиваат бонус поени. Телемарк како ски дисциплина во 80тите години повторно се навраќа меѓу љубителите на скијачките спортови и тоа особен замав постигнува во скандинавските земји, Италија и САД, Јапонија, а од сега и на Балканот. За оваа дисциплина се користи посебна опрема од везови и чевли каде петицата е слободн…