Posts

Showing posts from April, 2017

Качување по Шпански / Spanish climbing or climbing in Spanish :)

Image
Climbing in Chulilla and Siurana. Macedonian version only. Please scroll down, gallery is for all :)



Прекрсни две недели качување на најпознатите качувачки локалитети во Шпанија и Каталунија во супер друштво и перфектни температури. Го искусивме долгопосакуваниот живот во комбе,  заедно со нашите пријатели Баскијци. А исто така ги истраживме и другите сместувачки опции како кампинг или поекономично приватно сместување.

Убавината е во тоа што најголемите качувалишта низ Каталунија се на 100тина км растојание и во зависност од времето може секојпат да се најде нешто сооодветно. Ако е премногу топло да се бара карпа во сенка или пак ако врне да се бара качување во пештера и секако голем избор на насоки изложени на сонце,  идеални за студените зимски денови.


Средината и крајот на Март се доста посетени од качувачи од целиот свет кои го делат мислењето дека овој период е најдобар за тренинг.


Го посетивме магичното гратче Чулија и фамозната Сиурана како две поголоми и доста атрактивни лока…

Ski telemark on active volkano, Etna amazing experience

Image
Ски телемарк од највисокиот активен вуклан во Европа, Етна 3350м   (English below, scroll down for video and gallery)
Само десетина минути од кога стоевме на врвот на главниот кратер фасцинирани од потентноста на овој сеуште активен вулкан, Етна почна со посилна активност. Веќе скијавме една добра линија со чудна текстура на снег заситена со пепел и  вулкански песок. Правевме пауза на неколку стотини метри под врвот, на да речеме безбедно растојание за да може внимателно а сепак од добра перспектива да го набљудуваме вулканот со сите свои атрибути на моќ. Навистина исклучително чувство  да се скија меѓу стврдната вулканаска лава која остава впечаток како да сме на друга планета,  да се  биде таму во вистинскинско време и среќа што не се најдовме на врвот во момент  на самата ерупција. Велат дека Етна е постојано активна, но не секогаш со татнеж и со голем чад и облак во чудни бои од светлло сино, до портокалова и пурпурно виолетова. Југо - источниот кратер еонојкој е постојано активен, …