Monday, October 30, 2017

Currently: Lurra, paintings, watercolors by Ilina Arsova


Насловот накусо опишува еден номадски пат, користејќи го Баскијскиот збор за планетата Земја, Lurra. Шарените планини потекнуваат од нов психолошки момент во ликовното творештво, каде по долгогодишно со-дејствие со природата, почнувам да ја разоткривам нивната душа, внатрешна содржина, темперамент, наместо дотогашната чисто надворешна, визуелно- естетска форма.
Во продолжение на циклусите „Патеписи“, „Мојот дневник од височините“ и „Таа и Јас“,  овде фигурацијата добива доза на апстрактен приказ каде речиси секогаш доминира потребата за оставање на чисти бели површини кои на композицијата и даваат свежина и чувство на безтежинска состојба, како еднa непрестана пловидба во просторот. 
Изложбата е отворена во домот на култура Кочо Рацин, Скопје од 27.10 - 03.11 годинава.








http://skimacedonia.mk/%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BE%D0%B2%D0%B0-%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D1%83%D1%81-%D1%81%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%B8-%D1%86%D1%80%D1%82%D0%B5%D0%B6%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%B4/

Следниот ден, на 28. 10 во галеријата на Мирослав Масин, Art kitchen, веќе имавме премиера на сосема друг проект, фото-документација од перформансот ЗЕРО

No comments:

Post a Comment

This is HERstory

„Ова е нејзина приказна“ или „Ова е нејзина историја“ - This is HERstory Игра на зборови која доаѓа по инспирација на мојата ме...