Friday, December 6, 2019

7 summits art by Ilina Arsova

Dear readers,

It was a busy year indeed and I was not often writing the blog.
If you are interested to see updates of my latest art please check out, like and follow my instagram page @ilina_arsova  and @ilina_arsova_art_adventures
Facebook: https://www.facebook.com/ilina.arsova or
                  https://www.facebook.com/artandadventure
For more news about the movie This is HERstory, you can also visit the social media pages Insta + fb: @herstory.pro or simply the web: www.herstory.pro where you can find the latest news, some of the short films published as well as testimonials, making off scenes, festival screenings and awards.

Meanwhile here are some of my latest paintings wrapped up in the cycle "The diary of my heights" The 7 summits set is coming soon :)






High fives and have a beautiful December :)


Thursday, September 5, 2019

Outdoor camp for kids, IKAR hut Ohrid 2019

Детски камп во природа 16 - 22. 08. 2019



Ни беше чест и оваа година да бидеме организатори на едукативен и спортски камп за деца, во времетраење од една недела од 16ти до 22ри Август 2019.

Околу 15-тина дечиња на возраст од 8 - 14 години зедоа учество на кампот и во текот на оваа недела имаа задача да ги подобрат своите пливачки способности, а некои од нив и за прв пат да научат да пливаат. Освен секојдневните пливачки курсеви, учесниците имаа можност да се запознаат и искусат сосема нови спортови како кајакарење, веслање на даска и чамец, болдер, качување карпи и планинарење. Се подучувавме како се користи кампинг опрема а некои дечиња по слободен избор можеа да ноќеваат во шатор.

Слободното време учесниците го користеа за дружење и игри со сите реквизити кои можевме да ги понудиме во нашето хостелче Икар хат, кое се наоѓа во непосредна близина на плажата Лагадин, истовремено во пазувите на Националниот парк Галичица.

Покрај секојдневните спортски активности во природа, посветивме внимание и на уметноста, а вредните рачиња со своите креативни цртежи отворија прекрасна изложба во нашиот двор.

Секако дека имаше простор и за малку забава и танцување во домашно диско, летно кино и презентации, додека нашите млади астрономи ни понудија одлично дружење и заедничко набљудување на ѕвездите.

Ова беше шести  пат да бидеме домаќини и организатори на слични настани. Изминатите години ги опфативме следниве активности: Еко патрола, работилница за краток филм, изработување на мозаик, планинарење и прва помош во планина, качување карпи и други активности поврзани со заштита и зачувување на животната средина.

Со нетрпение ве очекуваме повторно, а ги цениме и вашите предлози и сугестии во однос на изборот на активности за следната година.

Им благодариме на нашите пријатели кои помогнаа за реализација на кампот: Македонската спортско качувачка Федерација, Kayak adventures Macedonia, Вила Катерина и Ski Macedonia.
Особена благодарност до Славе Павловски  и We Kids, вкусната кујна на  Магдалена Шишковска и неуморниот ентузијазам на Валентина Караѓуле.

Во продолжение фото галерија и мал видео клип.
Уживајте!

Зголемете го видеото со притискање на квадратчето во десниот долен агол. Врска до видеото на нашата фб страна: https://www.facebook.com/IKARHut/videos/537092856831517/












































































































7 summits art by Ilina Arsova

Dear readers, It was a busy year indeed and I was not often writing the blog. If you are interested to see updates of my latest art plea...